Бизнис
24. September 2020 - 16:36

Цигарите ќе поскапат уште 5 денари, до декември кутиите ќе станат двојазични

Ем поскапи, ем двојазични. Од декември цигарите ќе добијат нова цена и нов изглед. Втор пат годинава ќе поскапат за 5 денари што стана редовна практика во последните неколку години, но новина е и изменетото пакување кое ќе биде во продажба до крајот на годината.

Имено, согласно измените во законот за тутун кој стапи на сила лани во мај, производителите имаа 18 месеци за да ги прилагодат производите на новите барања. Рокот истекува кон крајот на ноември и од тогаш на амбалажата освен на Макеоднски јазик, текстот ќе биде испишан и на Албански однсно на писмото кое го употребуваат најмалку 20% од населението.

Друга промена ќе биде обликот и бројот на цигари. Во продажба нема да може да се пуштаат кутии кои не се квадар и бројот на цигари не смее да биде помал од 20. Ова значи дека малите пакувањата одат во историјата.

Во иднина на цигарите нема да смее да пишува дека се лајт или слично. Членот 70 од Законот за тутун предвидува дека не е дозволено на кутијата да се содржат термини кои ќе упатуваат на тоа дека производот е на пример, помалку штетен од другите.

Освен стандардните пораки за штетноста кои и сега стојат на амбалажата, до крајот нагодината пушачите на цигари кои се виткаат ќе бидат предупредени и дека чадот содржи повеќе од  70 супстанци за кои се знае дека предизвикуваат рак.