-->
-->
Цигарата не ве смирува, туку ве прави депресивни
-->
Пушачите имаат 70 отсто поголеми шанси да страдаат од депресија и анксиозност, покажува нова студија.
Истражувачите велат дека оставањето на пушењето може да им помогне на луѓето да се борат против овие проблеми и да го подобрат своето ментално здравје.
Откриено е дека ризикот од тие проблеми кај лица кои пред повеќе години го оставиле пушењето не е ништо поголем отколку кај луѓето кои никогаш не пушеле.
Со студијата се опфатени 6.500 лица во период од над 40 години. Откриено е дека 18,3 отсто од пушачите страдаат од депресија и анксиозност, во споредба со десет отсто непушачи и 11,3 поранешни пушачи.
Во последната група се вбројувале лица кои не запалиле цигара подолго од една година.
Експертите велат дека е заблуда оти цигарите смируваат.
- Нашата студија покажа дека оставањето на пушењето го подобрува не само физичкото, туку и менталното здравје, вели водачот на студијата Роберт Вест, професор по психологија на Универзитетот во Лондон.
Пушачите мислат дека пушењето ги смирува, но тоа всушност ја зголемува анксиозноста и напнатоста. Кога ќе запалат цигара, тие всушност привремено го блокираат стресот предизвикан од недостиг на никотин во организмот, што го мешаат со вистинско опуштање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација