-->
-->
Циципас триумфираше во Лондон, Надал прв на АТП листата
-->
Стефанос Циципас ја свои најголемата титула во досегашната кариера. Грчкиот тенисер триумфираше на Завршниот мастерс во Лондон.
Во финалето Циципас за два часа и 36 минути го победи Доминик Тим со 6/7, 6/2, 7/6. Гркот ја забележа третата победа во седмиот дуел против Тим.
Најмалдиот учесник на годинешниот турнир на најдобрите осум тенисери во сезоната беше подобар играч на теренот, можеше да го реши натпреварот во два сета, меѓутоа лошо го одигра тај-брејкот во првиот сет.
Откако го загуби првиот сет Циципас потоа „протрча“ низ вториот сет, два пати му го одзеде сервисот на Тим и го заклучи сетот со 6/2.
Добрата игра Циципас не успеа да ја материјализира во решавачкиот сет, иако направи брејк, Тим со серија од три гема се врати во мечот.
Тај-брејкот Циципас го одигра на повисоко ниво и на крајот заслужено ја однесе победата.
Годината Циципас ќе ја заврши на шестото, а Тим на четвртото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк