Живот
15. October 2018 - 20:59

ЦИА ја проверуваше библиската приказна: Користеле сателити за да пронајдат доказ кој ќе ја смени историјата

Приказната за Ноевата арка ја поттикна ЦИА на планината Арарат да ги бара остатоците од овој брод користејќи шпионски сателит.

Според тукушто откриените документи, ЦИА ја проверувала приказната за Ноевата Арка и големиот потоп кој ги уништи грешниците и кој го преживеале самое Ное и неговото семејство и по една двојка од сите животни.

Ако се пронајде бродот, таа битно ќе го промени сфаќањето за историајта на човештвото и ќе докаже дека во Библијата сосема реално е прикажан овој настан.

Експертите од ЦИА користеле шпионски сателите за да ја пребараат планината Арарат на која според Бибилијата арката се задржала после потопот. Има истражувачи кои тврделе дека пронашле делови од дрвениот брод.

ЦИА, според документите имала поддршка од некои членови на Конгресот на САД. Британскиот Дејли стар имал увид во најмалку 5 документи кои се занимаваат со оваа тема.

Двајца конгресемни и двајца сенатори од САД дури од ЦИА побарале детални информации за истражување на планината Арарат.

Покрај сателитските снимки користени се и оние кои ги направил шпионскиот авион У-2. Сепак, некои од снимките поради ниската облачност се прогласени за неупотребливи.

Арарат е планина со вулканско потекло со висина од 5.000 метри која се наоѓа во сегашна Турција на чиј врв според христијанското предание се наоѓа Ноевата арка. Арката се споменува во Книгата за постанокот, каде пишува дека 40 дена пловела по потопот и запрела на врвот на планината.

Според  мислењето на научниците големиот потоп е тешко да се замисли, но христијанските теолози дури даваат и точни димензии на бродот и сметаат дека бил долг 134 метри, 22 метри широк и 10 метри висок.

И останатите приказни од Бибилијата ги заинтригираа научниците, па така минатиот месец е пронајден доказ за излегувањето на Евреите од Египет.