Џет-Сет
21. јуни 2018 - 11:42

Чварки, пити, пршути, вол од 500 килограми....се е подготвено за свадбата на Александра и Филип, Боба задолжен за менито

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ денеска ќе го изговорат судбоносното ДА пред околу 900 гости во црквата Свети Василиј Острошки на Бежанијска коса во Белград.

„Класично предјадење, чварки, пршута, пита, свежа салата. Пршутата е далматинска. Храната пристигнуваше од сите страни од поранешна Југославија. Боба ги бираше сите и ништо не можеше да се нарача без него и се пробуваше. Ќе се служи и баклава од „Шехерезада“, рече главниот кувар.

Боба и Стефан неодамна купија вол од 500 килограми, кој е симбол на долг и среќен брак.

На менито ќе се најде и најпознатите специјалитети, па од Хрватска ќе има рибино мени, од Црна Гора морски плодови, од Босна ќебапи...

Таткото на младоженецот Боба Живојиновиќ бил задолжен за организацијата на свадбата, а за целата декорација се погрижи фирмата "Weddings and Events by Svadbena zvona".