Македонија
12. August 2018 - 16:52

Чуварска служба се грижи за хигиената на Стрежевското езеро

Чуварска служба ја следи состојбата со хигиената околу Стрежевското езеро откако на почетокот на годината во близина на акумулацијата од каде Битола се снабдува со вода, се појави депонија со купишта искористени пелени за возрасни. Откако спортските риболовци тогаш реагираа, депонијата беше исчистена наредниот ден. Токму затоа акумулацијата е под будно око.

-Ние експресно реагиравме и за еден ден го исчистивме сметот. Таму веќе имаме поставено чуварска служба која што не алармира во секој момент кога ќе се забележат аномалии кои и штетат на природната околина, односно на чистата на езерото. Во таквите случаи веднаш се презема акција, изјави Граматковски.

Но проблем со загадувањето има и со околните фарми.

-Целта е да се договориме да не се дозволи отпадот на шталите да оди во акумулацијата. Во тек е подготовка и на проект со цел да се направи и пречистителна станица каде сите отпадни води ќе бидат прифатени и одведени на соодветно место на пречистување, а не да се сливаат во акумулацијата „Стрежево“. За да се опфатат со еколошки мерки и реките од други села преку кое доаѓа отпад потребен е поголем зафат, велиГраматковски .

Со цел повисока заштита на природата околу езерото, се планира и поставување бетонски канти за отпад, за да не можат ниту луѓето ниту животните да ги туркаат и да го разнесуват сметот, ниту пак да ги уништуваат.