Живот
24. July 2015 - 9:49

„Чуствував дека нешто ми го јаде месото“ - Млада мајка се бори за живот поради гребнатинка

Мајка од Велика Британија за малку ќе починела, бидејќи бактерија и го јадела месото.

Луси Секулар имала мала гребнатинка на градата, забележала дека се проширила и имала чуство дека нешто и го јаде месото. Несреќната жена страдала од бактерија, најверојатно пренесена од некоја бубачка.

Поминале 24 часа откако Луси несакајќи се гребнала, па завршила во болница борејќи се за животот.

Инаку Луси е мајка на едно детенце, а болката од бактеријата ја опишала како сто пати полоша од пораѓање.