Свет
22. September 2016 - 8:41

Чуркин: Кери ја извитопери изјавата на Русија за нападот врз хуманитарниот конвој

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери ја извитоперил изјавата на руските власти за нападот на хуманитарниот конвој на Светската организација во Сирија.

- Бев разочаран од неколку работи. На пример, се разочарав од тоа што државниот секретар Кери одлучи да извитопери некои изјави кои Москва ги даде во врска со трагичниот инцидент со хуманитарниот конвој, истакна Чуркин.

Освен тоа, Чуркин нагласи дека Москва ја поддржува истрагата за нападот врз конвојот и ги сподели сите постоечки информации за тој инцидент.