Чулев: Важноста на личните документи продолжува додека трае вонредната состојба
Важноста на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5 телевизија, информирајќи за првите уредби со законска сила на Владата донесени вечерва.
-Со посебна уредба со законска сила на Владата е суспендирано важењето на законот за јавни собири согласно вонредната состојба, за спречување на заразата од корона вирусот, истакна Чулев.
Со законска сила, информираше министерот, донесено е и продолжување на испитните рокови поврзани со полагање на возачки испити и функционирањето на автошколите.
На странските државјани кои се затекнати во државата, како што истакна Чулев, ќе им се продолжи престојот до завршување на вонредната состојба
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација