Македонија
27. May 2020 - 16:45

Чулев бара награда за полициските службеници, продолжуваат со засилени контроли

Вкупно 4.783 граѓани не го почитувале полицискиот час во изминативе два месеци. Од воведувањето, до укинувањето на забраната за движење, заклучно со денес МВР поднело 2.632 кривични пријави. Најнедисциплинирани биле граѓаните од населените места под СВР Скопје и Битола, наспроти оние под СВР Велес и Куманово кои најмногу издржале да седат дома.

Иако од денес граѓаните можат слободно да се движат, Министерот апелираше луѓето и понатаму да ги почитуваат мерките на Владата, односно да носат лична заштита и да не се групираат. Чулев најави засилена полициска контрола.

Забраната за движење беше воведена на 21 март, која првично траеше од 21 часот навечер до 6 наутро. Ова е прв пат во историјата на земјава, да биде воведен полициски час на цела територија.

Чулев им се заблагодари на полициските службеници за сработеното во изминатиот период, и побара од Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена парична награда за полицајците.