Чулев: Алармантна е ситуацијата со патните исправи
Проблемот со личните карти засега се менаџира на задоволително ниво. Има одреден застој, но во однос на личните карти и возачките дозволи мислам дека проблемот ќе го надминеме овие денови. Меѓутоа, алармантна е ситуацијата во областа на патните исправи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
– Патни исправи тип Б веќе речиси и да нема. Патни исправи тип А на македонски јазик има до кај 10-ти февруари. Значи, веќе имаме редуцирано издавање, тоа е проблем што го наследив од порано. Резултат е на лошо и планирање и анализа на потребите на МВР од патни исправи. Наредната нарачка е после 15-ти март. Значи, имаме еден сериозен проблем од речиси од 30 дена, рече Чулев на денешната прес-конференција на Мисијата на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на преизборниот период.
Посочи дека се во преговори сме со германската фирма „Веридос“, која е добавувач на обрасците за лични документи.
– Во текот на оваа недела ќе сондирам точно колку е алармантен проблемот, меѓутоа веќе е алармантен и на почекот на идната недела ќе имам посебна изјава или прес токму на оваа тема – патни исправи, најави министерот за внатрешни работи Чулев.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани