Фудбал
17. August 2017 - 22:21

Чудо во Скопје, Вардар го декласира Фенербахче!

Извонреден резултат за македонскиот првак Вардар во првиот квалификациски дуел за Лига Европа. Совлада славниот турски клуб Фенербахче со 2-0 со што црвено-црните ширум ги отворија портите кон второто европско елитно натпреварување. 

За Вардарци ова е една од најголемите победи во клупската историја остварена против најбогатиот и најславниот клуб во Турција.  Избраниците на Чеде Јаневски кој дебитираше на клупата одиграа стрпливо и во два потега дојдоа до големата победа. 

Ерменецот Барсегјан во 20.минута една контра претвори во гол. Тој доби топка во простор со брилијантен потег се ослободи од Шкртел и го совлада Камени. КОнечниот резултат го постави дефанзивецот на Фенербахче Топал кој во 92.минута си постигна комичен автогол.

Реваншот се игра за 7 дена во Истанбул а голем хендикеп за Вардар ќе биде црвениот картон за капитенот  Грнчаров со што нема да може да игра на втората средба со Фенербахче.