Балкан
30. September 2015 - 16:43

Чудо во Острог - Верниците вчудоневидени

Чудата кои се случиле во ова свето место се многу и секој ден можеме да слушнеме и видиме луѓе на кои Свети Василиј им помогнал, ги излечил, им подарил деца, па и тоа дека светителот лично им се покажал и обратил, а ова е само едно од нив.
 
Манастирот, ветото место го посетуваат луѓе од различни вери кои доаѓаат да запалат свеќа, се помолат и побараат лек за здравје и среќа како за себе така и за своите најблиски. 
 
Ова е едното од многуте чуда кое ги крие ова свето место.
 
Во манастирот, секој ден можете да сретнете река од луѓе кои го посетуваат, можат да се најдат луѓе од сите вери да се чујат различни молитви но и многу проблеми, но целта на овие луѓе е иста, бакнување на моштите на Свети Василиј Острошки и искажување на своите молитви.
 
Постојат многу луѓе кои ќе речат дека станува збор за само празни приказни, но како и да е сепак некои чуда не можат да се оспорат.
 
Токму едно од нив може да се види во манастирот.
 
Имено на спратот од манастиро, на местото каде што Свети Василиј се упокоил, карпа, никнала винова лоза која прородува. Да добро прочитавте од карпата, каде што нема вода, земја или што и да било потребно за да се одржува во живот и да израсне било каква билка, никнала лоза, а ова чудо може да го видат сите оние кои ќе го посетат манастирот.
 
Погледнете ги сликата и уверете се самите.