Свет
11. March 2020 - 11:24

Чудо во Кина: Маж бил во карантин против коронавирусот, па преживеал по 69 часа под срушен хотел

Еден човек е извлечен жив по 69 часа преживеани под рушевините на хотел во југоисточниот дел на Кина кој бил ставен во карантин поради коронавирусот.

Станува збор за хотел кој на 7-ми март се сруши и во истиот до овој момент загинаа 27 луѓе додека две лица се водат како исчезнати.

Човекот кој е извлечен под урнатините е пренесен во болница одма откако беше спасен и извлечен во вторникот попладнето, пренесуваат тамошните медиуми.

Претходно десет годишно дете и неговата мајка се извлечени во понеделникот од под хотелот по 52 часа поминати под урнатините.

Хотелот во градот Куанжоу инаку беше карантин за луѓето изложени од коронавирус, а неодамна беше и илигално реновиран пред да се сруши.