Чудо од бебе: Девојче родено само со 400 грама
Бебето Мануши, кое при раѓањето тежело само 400 грама и било долго 21 см, по шест месеци пуштено е днома.
Мануши е најмалото новороденче во Азија и едно од најмалите бебиња на светот. Се родила на 15 јуни со царски рез откако на мајката и се покачил притисокот.
Девојчето е родено се недоволно развиени белли дробови и не можело ведаш самостојно да диши. Нејзината кожа била претанка, органите неразвиени, а нејзините минијатурни стапала биле помали од прстот на нејзиниот татко. Шансите да преживее биле минимални, но Мануши наскоро почнала да добива на тежина.
„Таа е наше чудо. Се бореше и бореше иако немаше шанси и успеа“, вели мајката Сета.
Во Индија и јужна Азија не е забележан случај на преживување толку мало бебе.
„Кога се роди не знаевме што да очекуваме. Се бореше да дише и ја ставивме на респиратор за да и се прошират белите дробови. Нејзините црева не беа доволно развиени па не можевме соодветно да ја нахраниме“, вели неонатологот и директор на болницата Сунил Јангед.
По седум недели почнале да ја хранат со млеко, а 210 дена подоцна отпуштена е од детската болница.
Лекарите велат дека структурата на нејзиниот мозок е нормална и дека очите и се развиваат како што треба.
„Одлучивме да го спасиме животот на бебето и и пруживме соодветна грижазатоа што сакавме да пратиме порака до светот дека женско дете мора да биде заштитено, Во држава како Раџастан во која чедомоството на женските деца е често, мораше да направиме чекор напред за да пречиме таа грозна пракса“, вели д-р Јангед.
Инаку, најмалото бебе кое преживеало е Емијила Грабарчик родена 2015 година во Германија, која при раѓањето тежела само 229 грама.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица