Свет
28. January 2018 - 10:06

Чудо ги спаси: Седум патници преживеале осум дена на отворено море во Пацификот

Седум лица што го преживеале потонувањето на брод што пловел кон пацифичките острови Кирибати биле спасени денеска со помош на новозеландската авијација. Бродот на кој имало 50-ина патници потона пред осум дена.

Преживеаните, кои успеале да се качат на чамец, биле забележани од авион на новозеландското кралско воздохупловство. Тие се наоѓале на отворено море, 300 километри од островот Науру. Спасувачите упатиле рибарски брод да ги спаси преживеаните.

Бутираои, бродот што потона, патувал меѓу островите Ноноути и Тарава, на кирибатските острови.