Балкан
14. March 2016 - 9:43

Чудо: Бебе падна од тераса и преживеа

Едногодишната Т.Д. е повредена при пад од тераса, потврди Душан Гостовиќ, портпарол на Итната помош во Ниш.

Тој соопшти дека несреќата се случила во саботата околу 10 часот наутро во една населба во Ниш и дека детето со хематом на стомакот е префрлена на Детската клиника.

Бебето паднало од висина од два ипол метри и во свесна состојба е префрлено во болница.

Не се познати околностите како детето се нашло на терасата и под кои околности паднало долу.

Истрагата е во тек.