Чудесна појава: Мистерозна светлина на небото ги исплаши жителите
Сите оние кои синоќа ја набљудувале полната Месечина во Кина имаа можност да видат тир огромни огнени топки на небото.
Според пишувањето на медиумите, станува збор за три метеори кои експлодирале над провинциајта Јунан во Кина.
Експлозијата во еден момент целосно го осветли небото, а набљудувачите рекоа дека во тие 5 секунди изгледало како да светнало Сонцето.
Снимките од експлозијата набрзо ги преплавија кинеските социјални мрежи, а експертите наведуваат дека метеорите слетале во мало село на околу 40 километри оддалеченост од округот Шангри-Ла.
Локалните жители рекле дека слушнале силен звук и почувствуале тресење на земјата. Нивните свињи наводно биле толку уплашени, што почнале да бегаат.
Експлозијата ја набљудувала и НАСА, која неведува дека во тој момент се ослободени околу 0.54 килотони енергија, што е еквивалентно на 540 тони ТНТ.
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров