Чудесна фотографија која го слави раѓањето и новиот живот
Една австралиска бабица направила феноменална фотографија која ја слави сета убавина на доаѓањето на овој свет...
Првите моменти од животот на бебето се чудесни и восхитувачки.
Фотографката и бабица Ема Џин Нолан ја искористила приликата да ја забележи моќта на раѓањето со преубава фотографија за која зборува целиот свет. Имено, на фотографиајта е бебето Харпер кое е сликано само 90 минути по доаѓањето на свет.
Детето од Австралија е врзано со папочната врвка со својата плацента и со неа е испишан зборот „love"(љубов),А на овој начин Ема сакаше да и одаде чест на маорската традиција.
Имено, Маоирите, постелката која не храни додека сме неродени битија ја викаат "whenua", што е истовремено и име за земјата. Папочната врвца е "pito" и претставува врска меѓу нас и Мајката Земја.
Полинезиското домородно население од Нов Зеланд постелката и папочната врвца заедно ги закопува назад во земјата како симбол на поврзаноста на животот, а оној чија постелка е вратена во земјата станува чувар и е должен да се грижи за земјата на која е роден.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК