Чучер-Сандево, Ѓорче Петров, Студеничани, Кисела Вода и Карпош утре без струја
Поради технички зафати во електро-мрежата утре без струја ќе останат делови од општините Чучер-Сандево, Ѓорче Петров, Студеничани, Кисела Вода и Карпош, информира РЦУК на Град Скопје.
Без електрична енергија од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од селата Глуво и Бразда во општина Чучер-Сандево, од 09:30 до 15:30 часот корисниците од Волково подулици бр.5 и бр.7 во општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците на дел од с.Батинци во општина Студеничани.
Во периодот од 07:30 до 08:30 часот без струја ќе бидат корисниците дел од ул. „Саса“ во нас.Пинтија кон црквата во општина Кисела Вода, од 08:30 до 12:00 часот корисниците од ул. „Глинка“ и ул. „Врполе“ во општина Аеродром, како и дел од ул.„Мариовска“ во општина Кисела Вода, а од 14:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Френклин Рузвелт“ бр.33 А /1 во општина Карпош.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа