Живот
20. April 2017 - 12:33

Човекот кој го предвиде претседателот на САД знае кога ќе почне Трета светска војна

Хорасио Виљегас, човекот што ја предвиде победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, сега тврди дека третата светска војна ќе почне на 13 мај, на 100-годишнината на појавувањето на Блажена Дева Марија, објави лондонскиот таблоид „Мирор онлајн“.

Тој е убеден дека тоа ќе биде нуклеарна војна, што ќе трае до 13 октомври.

- Луѓето треба да бидат подготвени со оглед на тоа што не чекаат разорувања, шокови и смрт, наведува Виљегас.

Таблоидот посочува дека Виљгас претходно предвиде дека американскиот претседател ќе ја нападне Сирија.

Виљегас исто така предвидува дека светскиот однос на силите ќе ги доведе Русија, Кина и Северна Кореја во глобален судир со смртоносни последици.