Свет
6. November 2016 - 13:38

Човекот кој беше страв и трепет за светот пред точно 10 години го осудија на смрт

Поранешниот лидер на Ирак Садам Хусеин на денешен ден, пред точно 10 години беше осуден на смрт со бесење.

Хусеин својата политичка кариера ја започна во партијата Бат, на свои 20 години. Во 1963 година дојде до раскол во партијата и Садам се приклони кон победничката струја. Во новата партиска прераспредлба стана член на Батистичкото регионално заповедништво.

Веќе година дена подоцна Хусеин го апсат воени офицери кои се противеле на тоа Бат да ја преземе власта.

Но, нему му помага еден роднина, генералот Ахмед Хасан ал-Бакр, влагодарение на кој во 1966 станува заменик на главниот секретар на Бат.

Тој бега од затворот и втемелува интерна батистичка безбедносна организација наречена Џихаз Ханен, а две години подоцна баатистите ја преземаат власта.

Foto: Guliver/Iraq Special Tribunal-Pool/Getty Images

Политичкиот ментор на Хусеин и претседател на Ирак Бакр во 1979 година поднесе оставка, а неслужбено, тој бил жртва на борбата на Хусеин за власт.

По Бакр на местото претседател дојде Хусеин која набрзо почна да ја зацврствува својата власт.

Foto: Guliver/Rusty Russell/Getty Images

Во 2003 година САД и Велика Британија покренаа еднострана воена акција (без дозвола на Обединетите нации) против Ирак за да го симнат од власт. Во тоа успеаја по 3 недели војување, а на 14 декември истата година го уапсија близу Тикрит.

На денешен ден 2006 година Хусеин е осуден на смрт, а на 30 декември е погубен со бесење.

Погледнете ги видеата: