Џет-Сет
19. May 2017 - 17:03

Човекот, чие име германските медиуми не смеат да го откријат, е уапсен - Барал 900.000 евра за да не ги убие децата на Михаел Шумахер

 
Семејството на Михаел Шумахер, кој се наоѓа во кома, во март минатата година било загрозено од закани на уценувачи. Уценувачот и се заканил на сопругата на Шумахер, Корина, дека ќе и ги убие децата доколку не му плати 900.000 евра.
19 Мај 2017 13:10   Viber
 
Човекот, чие име германските медиуми не смеат да го откријат, е уапсен. Му било наложено да побара помош од психијатар и му била изречена условна затворска казна.
 
Исто така, на непознатиот уценувач му било наложено да плати 4.500 евра казна и да одработи 50 часа општествено корисна работа.
 
-Доколку парите не бидат уплатени до 31 март 2016 година, твоите деца ќе бидат убиени. Во Формула 4 можат да се случат секакви несреќи, и напишал 25-годишникот на Корина Шумахер.
 
Синот на Михаел и Корина, Мик, во тоа време се натпреваруваше во Формула 4, а потоа премина во Формула 3, додека 20-годишната ќерка Џина-Марија има успешна кариера во коњичкиот спорт.
 
Полицијата успеала да го пронајде уценувачот преку податоците за банкарската сметка, кои тој и ги доставил на Корина.
 
-Би го кажал ова многу внимателно – давање банкарска сметка во ваков случај не е разумна одлука“, стои во образложението на одлуката која ја донел судијата во Ротлиген Еберхард Хауш.
 
Адвокатот на осудениот рекол „до овој ден не може да објасни зошто неговиот клиент се однесувал на таков начин“.
Шумахер (48) е еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1, во кариерата освоил седум шампионски титули, а од декември 2013 година се наоѓа во кома, откако на скијање во француските Алпи се здоби со тешки повреди на главата.