Свет
31. December 2017 - 18:10

Човек уапсен со големо количество оружје и муниција во хотелска соба во Хјустон

Полицијата во американскиот град Хјустон денеска уапсила човек кој донел големо количесто оружје во својата соба на најгорниот кат на хотелот Хајат Риџенси во центарот на градот. Полицијата истражува дали човекот планирал да изврши напад сличен на масакрот во Лас Вегас, кога беа убиени 58 посетители на концерт.

Човекот бил уапсен поради пијанство и влегување во забранети делови на хотелот. Кога дошле полициските засилувања, била пребарана и неговата соба, во која била откриена пушка од типот АР-15, сачмарка, пиштол и големо количество муниција, јави локалната телевизиска станица Кеј-Пи-Ар-Си. Иако не се предвидени масовни новогодишни собири на улиците во непосредната близина на хотелот, во самиот хотел е предвидено да се одржи новогодишна прослава.