Македонија
16. January 2018 - 10:56

Човечки леш пронајден во Вардар – телото не може да се извади

Човечки леш, заглавен помеѓу карпи бил забележан вчера во водите на Вардар во близина на селото Сопот.

Случајот во СВР Велес бил пријавен околу 12:30 часот.

-Екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат телото од водите на реката. Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата, информираат од МВР.