Македонија
24. March 2019 - 21:01

Човечки фактор причина за пожарите во Кичевско

Човечки фактор е причина за неколкуте пожари кои се уште се активни на територијата на општина Кичево.
 
На страната на селото Попојани и шумските подрачја кои се поврзуваат со селото Строгомишта денеска избувна пожар, кој предизвика големи материјални и еколошки штети, а исто така и во селото Вранештица се гледа како горат дрвја
 
-Според првичните информации што ги поседуваме човечки фактор е причина за појава на пожарите. Затоа апелираме до граѓаните да не палат оган на полиња и на отворен простор. Од такви места огнот се шири низ многу делови и продира на највисоките планински површини, се наведува во соопштението на општината.
 
-Ги поттикнуваме граѓаните да ја зголемат грижата за несоодветни акции и да ја зголемат својата совест, бидејќи негативните последици нè повредуваат сите нас.
Пожарникарите цело време работат на терен за да ги изгаснат пожарите, но нивниот капацитет не е голем, со оглед на регионот што го покриваат, се вели во апелот.