Чочек, плех музика и лепење пари на трубачи на отворањето на автопатот Демир Капија - Смоквица | Сител Телевизија
Македонија
23. April 2018 - 23:14

Чочек, плех музика и лепење пари на трубачи на отворањето на автопатот Демир Капија - Смоквица

Денеска конечно беше отворен автопатот Демир Капија- Смоквица. Во тунелот на автопатот дури имаше и прослава со плех музика, која како што пишува Инфомакс ја нарачале од локалниот огранок на владејачката партија.

Инфомакс во текстот пишуваат дека се фрлале пари на музичарите. На видеото кое го објави Инфомакс може да се види дека директор дека директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов

Погледнете ја дел од атмосферата.

Инаку од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека поради политиканството на СДСМ, пуштањето на автопатот доцни цели осум месеци

-Пуштањето на автопатот Демир Капија – Смоквица доцни цели осум месеци. Доколку СДСМ го ставеше политиканството во втор план и се посветеше на интересите на граѓаните, овој автопат ќе беше во употреба уште во август минатата година и граѓаните ќе можеа побргу и побезбедно да се движат по патниот коридор 10, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој истакна дека проектот го отпочна владата на ВМРО-ДПМНЕ  уште во септември 2012 година, за него беа потрошени 270 милиони евра, од кои 107 милиони беа обезбедени од ЕБОР, 130 милиони евра ЕИБ, 45 милиони евра како грант од ЕУ и 6 милиони евра од Буџетот на Република Македонија. Истиот има 2 клучки, 2 тунели од 1200 метри, 6 моста, 6 натпатници и потпатници, две ленти за возење и зелен појас во ширина од три метри во средината помеѓу патните ленти.

-ВМРО-ДПМНЕ го реализираше проектот за изградба на автопатот до завршна фаза уште во мај 2017 година. Преостануваше само да биде преместен уште еден далновод и да се заврши контролната соба. Целиот автопатот од 28 километри, кој поминува низ сложен карпест терен  беше завршен за 5 години. СДСМ потроши цела една година за преместување на една бандера и доизградба на една просторија. СДСМ неосновано го одложуваше пуштањето во употреба на автопатот, со цел граѓаните да заборават дека автопатот е изграден од ВМРО-ДПМНЕ и да се создаде впечаток, дека ете и СДСМ нешто изградиле. Граѓаните не се со кратка меморија и покрај потценувачкиот однос кој секојдневно го добиваат од СДСМ, граѓаните  точно знаат кој, што и колку направил, вели Јанушев.

Тој посочува дека овој автопат исто како и автопатот Миладиновци – Штип и Кичево  – Охрид се почнати и се во напредна фаза на реализација токму во време на ВМРО-ДПМНЕ, едниот 70%, другиот 50% реализирани. Сите проекти, кои СДСМ и Заев ги најавија како свои се проекти на ВМРО-ДПМНЕ.  СДСМ нема отпочнато ниту еден километар нов автопат.