Македонија
13. November 2019 - 12:11

Членството на Македонија во НАТО - шанса за побрз економски развој

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и вицепремиерката и министерка за одбрана м-р Радмила Шекеринска се обратија на НАТО индустрискиот ден, настан на кој две НАТО агенции задолжени за реализација на јавните набавки за потребите на Алијансата ги презентираа можностите за компаниите од Република Северна Македонија за учество на тендери кои се спроведуваат.