Македонија
6. October 2016 - 14:27

Членовите на ДИК на средби со претставници на НВО и ЗЕЛС

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска имале средба со претставници на невладини организации во Република Македонија, на која станало збор околу методите за унапредување на соработката и координацијата помеѓу ДИК, како највисок изборен орган, и невладините организации, како важни чинители во изборниот процес, соопшти Комисијата.

Државната изборна комисија (ДИК) и претставници на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) вчера разговарале за начинот на имплементација на член 78-а од Изборниот законик.

Овој член предвидува дека општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите, јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а со цел политичко рекламирање. Максималниот број рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите, соопшти денеска Комисијата.