Членови на Комисијата за европски прашања на средба со Матијс ван дер Плас
Членовите и замениците на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска имаа средба со генералниот директор за Европска соработка во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија Матијс ван дер Плас, придружуван од Вивијан Сандерс од Директоратот.
На средбата, како што соопштија од Комисијата за европски прашања, беа разменети мислења и ставови за актуелните случувања во Европската унија, со посебен осврт на европските прилики од аспект на натамошното проширување на Унијата со нови земји членки, пред се со државите од Западен Балкан.
Претседателот на Комисијата, Артан Груби, истакнал дека Холандија дава континуирана поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Република Македонија, при што потенцирал и дека земјата работи на исполнување на потребните ЕУ реформи, со цел на Унијата да и ги испорача сите потребни аргументи за отстранување на условената препорака во есенскиот извештај на Европската комисија.
Тој се заблогодарил и за холандската поддршка на земјата на повеќе полиња, за што, како што рекол, доказ е и тоа што во минатите 20 години Холандија обезбедила финансиска и техничка помош од над 200 милиони евра.
Ново на Сител
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО