Балкан
26. November 2015 - 8:40

Членови на грчка анархистичка група влегоа во резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина

Членови на грчката анархистичка група „Рубикон“ синоќа влегоа во резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина, во знак на протест против затворањето на границите на ЕУ за бегалците.

Полицијата соопшти дека околу 20 членови на групата закачиле транспарент на оградата на куќата на кој пишувало „Солидарност за бегалците - Отворете ги границите“, потпишан од страна на групата. Потоа некои од нив се качиле на високата ограда, ја прескокнале и влегле во градината каде што фрлале летоци со слогани за поддршка на бегалците. Тие, исто така ја снимија акцијата и ја објавија на Интернет.

Групата избегалa кога видела дека доаѓа полиција, но властите соопштија дека уапсиле седум осомничени во врска со инцидентот.