Македонија
12. May 2018 - 9:04

Чистење на терените на Попова Шапка

Во ски - центарот „Попова Шапка“ денеска ќе се спроведе еколошка акција за да се исчистат терените и околината по завршувањето на зимската сезона.

Акцијата има задача да ја подигне свеста за заедничката одговорност и придонес во зачувување на природните убавини и туристичките предели.

Во акцијата ќе учествуваат сите вработени од ски - центарот, како и голем број граѓани и активисти.

За сите заинтересирани ќе има бесплатен превоз кој ќе поаѓа од местото „Жичара“ во Тетово во девет часот.

Акцијата е во организација на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје -Подружница „Попова Шапка“.