Тенис
12. July 2017 - 19:10

Чилиќ се избори за полуфинале на Вимблдон

 
 Хрватот Марин Чилиќ е вториот полуфиналист на тенискиот Гренд слем Вимблдон. 
 
На седмиот носител на овој турнир Чилиќ му беа потребни пет сета (3:2) во четвртфиналето да го елиминира Жил Милер од Луксембург. 
 
Откако првиот сет го доби Милер со 6-3, во следните три се водеше голема борба па во вториот беа одиграни тринаесет (6-7), односно по дванаесет гема во третиот и четвртиот сет (7-5 и 5-7). Во решавачкиот пети сет Хрватот беше далеку поубедлив и на противникот му препушти само еден гем (6-1). 
 
Чилиќ во полуфиналето закажано за во петок ќе игра против Американецот, Сем Квери кој го елиминира првиот рекет и бранител на трофејот на Вимблдон, Енди Мареј во четвртфиналната рунда. 
 
Вториот полуфинален пар на Вимблдон ќе го дадат победниците од мечевите меѓу, 
Новак Ѓоковиќ (Србија, 2-носител) - Томас Бердих (Чешка, 11) и Роџер Федерер (Швајцарија, 3) – Милош Раонич (Канада, 6).