Чиле поради протестите, се откажа од зголемување на цената на јавниот превоз
Владата во Чиле нема да ја покачи цената на јавниот превоз, откако се соочи со десетневни протести кои преминаа во насилни и се проширија во околу 20 градови.
Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, кој ја соопшти одлуката, вчера прогласи вонредна состојба во главниот град Сантјаго, по протестите поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, при што беа запалени многу згради во центарот на градот.
Демонстрантите вчера запалија неколку станици во метрото и еден автобус, а ги ограбуваа и продавниците, по што беа затворени 136 метро станици, а беше прекинат и сообраќајот во должина од околу 150 километри.
Пинера, политичар од десниот центар, изјави дека ќе прогласи специјален закон за безбедност со цел да се процесуираат „криминалците“ одговорни за нанесената штета во Сантјаго. Тој исто така рече дека го разбира незадоволството на сите кои се погодени со зголемувањето на цената на јавниот превоз.
Засега не е познато дали повлекувањето на одлуката ќе влијае на прекин на протестите. Во меѓувреме, властите соопштија дека за време на протестите се повредени 156 полицајци и 11 цивили и дека повеќе од 300 луѓе се уапсени.
Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд