ЧИКАГО ПД

Loading Video...

“Чикаго ПД” е серија за луѓето кои ќе стават се на коцка за да му служат на законот. На NBC се емитува од 2014та година во досега шест сезони и е дел од франшизата за полициските оддели во Чикаго.

Одделот на чикашката полиција се состои од две целосно различни единици – полицајци во униформи кои патролираат по улиците борејќи се против злосторствата и единица на известувачи кои се борат со најтешките криминални дела во градот, како организираниот криминал, препродавањето на дрога и убиства на високи функционери и личности. На чело на овој оддел се наоѓа наредникот Хенк, енигматичен човек кој е подготвен да го заобиколи и законот само за да ја добие правдата.

Притисокот на неговото водство може да го издржат само најцврстите и најжилави подредени. И покрај проблематичното минато кое го врзува со шефот, детективот Антонио претендира да стане главен во таа единица. Тој не се предава ниту попушта и покрај секојдневните препирки со Хенк. За полицајците по улиците, чија амбиција е да станат дел од елитната единица, да се преживее секој ден е нов предизвик. Многу акција и адреналин следува веднаш по последните вечерни вести.

Улоги: Jason Beghe (Хенк), Jon Seda (Антонио), Sophia Bush (Ерин), Jesse Lee Soffer (Џеј), Patrick John Flueger (Адам), Marina Squerciati (Ким).