ЧИКАГО ФД

Loading Video...

Нова акција на опасните улици на Чикаго за уште една, уште поопасна игра на страв, неизвесност и драма. По „Чикаго ПД“, телевизија Сител ќе емитува уште една серија од
популарната франшиза. Овојпат во центарот на вниманието ќе бидат пожарникарите и болничарите кои работат во противпожарната служба во Чикаго.  Кога смртта ќе им
погледне во очи, за новите херои на Чикаго ФД следува беспоштедна битка за живот и спас на невините жртви од пламените јазици.

Првичното ривалство и обвинувања на Метју и Кели ќе мора да се надминат кога е во прашање безбедноста на нивните колеги и целиот оддел, а покрај нив, во екипата се и
пожарникарите Питер Милс, Кристофер, Вејли, како и болничарките Лесли и Габи. Сите тие, заедно, ќе мора секојдневно да се соочуваат со непредвидливи ситуации, во кои
целта е само една - да се спасат цивилите од неочекуваните несреќи и пожари.

Улоги:Џеси Спенсер, Тејлор Кини, Ејмон Вокер, Моника Рејмонд, Кара Килмер и други.