Чичко врзал внук - лице со посебни потреби со гума од мопед, ја тепал внуката која му подала вода
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 46–годишен скопјанец кој со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело– Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 во врска со член 45 од од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.
Обвинетиот – чичко на оштетените две деца, на 28 јуни 2020 година прифатил доверена обврска од мајката на децата, да ги надгледува додека таа била отсутна.
„Но, тој грубо ја запоставил својата должност за грижа и воспитување, па започнал да ги малтретира доверените деца. Истиот ден, околу 12.30 часот, тој на дрво во близина го врзал 12-годишното момче за стапалото со внатрешна гума од мопед. Врзаното дете – лице со посебни потреби и неразвиена моторика, не можело да се ослободи, па кон него се приближила неговата 5-годишна сестра во обид да му даде шише со течност за да се напие. Во тој момент, обвинетиот го нападнал и девојчето, најпрвин вербално, а потоа и физички – удирајќи ја по лицето и нозете“, пишуваат од Обвинителството.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека постои опасност од негово криење и бегство, а како близок роднина кој има постојани контакти со оштетените, постои и реална опасност да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода.
Ново на Сител
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени