Фудбал
8. February 2017 - 13:27

Чичко му Тони играше во Барса, Рафа сака да го води Реал

 

Рафаел Надал рекол дека иам желба еден ден да стане претседател на Реал Мадрид. Шпанецот никогаш не ја криел приврзаноста кон овој клуб.
 
„Секако дека би сакал да го водам Реал, кој не би го сакал тоа? Но тоа е долг пат…Реал сега има претседател, Флорентино Перез и мислам дека е многу успешен. Во моментов јас не сум му потребен на Реал, но никогаш не можете да знаете што носи иднината“, изјавил Надал за Mundo Deportivo.
 
Интересно, Рафа е голем навивач на Реал, а неговиот стрико, кој е и негов тренер, во минатото со голем успех го носеше дресот на Барселона.