Свет
20. November 2018 - 23:29

Чевлите на Кашоги му беа премали, па остана во своите патики: Овој детаљ доведе до разоткривање на бруталното убиство во конзулатот

Турскиот сајт Хабертурк го објави првиот цитат од аудио-снимката направена последните во минути од животот на саудискиот новинар Џамал Кашоги кој минатиотт месец е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул.

Звуците од претепувањето и мачењето се следени со тишина која трае час и 15 минути. Потоа се слуша глас кој се жали на големината на чевлите.

„Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути“, се слуша наводно гласот на инженерот Мустафа ал- Мадани, кој во тој момент се подготвува да излезе надвор како двојник на Кашоги.

Тој се шегува дека чевлите на Кашоги се премали, па колегите му дозволуваат да ги носи своите патики, што во голема мера придонесе да го откријат властите.