Македонија
5. September 2016 - 12:16

Четврток неработен ден за сите граѓани, понеделник само за граѓаните од муслиманска вероисповед

Четврток 8ми септември ќе биде неработен ден за сите граѓани на Р.Македонија. После денот на независноста, продолжен викенд за граѓаните од муслиманска вероисповед. На 12 септември, понеделник, тие ќе бидат ослободени од работните обврски бидејќи ќе го прославуваат Курбан Бајрам.

Вo продолжение сите неработни денови до крајот на годината.

За сите граѓани на РМ 

• 8 септември (четврток), Ден на независноста

• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден

• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци

• 25 декември (недела), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик