Македонија
14. November 2016 - 11:40

Четврток е следниот и последен неработен ден за оваа година

Следниот неработен ден за 2016 година за сите граѓани  е 8 Декември на овој ден се празнува „Св. Климент Охридски“.

Свети Климент Охридски е македонски светец  и еден од учениците на светите Кирил и Методиј  кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија.  По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна  Бугарија.