Loading Video...
Спорт плус
29. July 2018 - 14:32

Четврто злато во низа за српските ватерполисти на ЕП

Ватерполо репрезентацијата на Србија ја одбрани европската титула откако во финалето на шампионатот кој се одржуваше во Барселона, по подоброто изведување на пенали ја совлада домашната селекција на Шпанија.
 
Регуларниот дел заврши нерешено 7-7, а во пенал рулетот, клучна беше третата серија, кога домашниот ватерполист Хернандез ја погоди стативата, па српските ватерполисти беа сигурни и со конечни 5-4 на пенали стигнаа до златото.
 
За Србите тоа е четврто злато во низа на Европските првенства со што им се доближија на Унгарците и нивниот рекорд стар 80-години, кои пак почнувајќи од првото ЕП 1926 па следните четири во дури пет пати во низа ја освојувале европската круна. 
 
Можност да го израмнат тој рекорд на Србите ќе имаат по две години и тоа на првенството што ќе се одржува во Унгарија.
 
Во дуелот за бронзениот медал, актуелниот олимписки и светски првак Хрватска ја победи Италија со 10-8
 
Потсетување дека во женска конкуренција Холандија го освои златото совладувајќи ја Грција со 6-4 , а домашната селекција на Шпанија стигна до бронзата со убедливата победа од 12-6 над Унгарија.