Loading Video...
Кошарка
11. January 2022 - 14:09

Четвртиот турнир во АБА2 лигата наместо во јануари ќе се игра во февруари

Иако веќе цела седмица се подготвуваат за нов настап во АБА2 лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер сепак нема на играат на четвртиот турнир во ова натпреварување. 
 
Раководството на лигата реши да го одложи турнирот во Бања Лука, што беше закажан од 17 до 23 јануари. Причината веќе јасна. Зголемениот број на позитивни на коронавирусот во регонот. 
 
Турнирот е презакажан за периодот од 7 до 13 февруари, но ова сигурни ќе донесе и промени во календарот во домашниот шампионат, но и главоболки за селекторот Бајиќ, кој ќе има пократок период за подготви со македонската репрезентација за втората рунда во квалификациите за СП во која црвено-жолтите  ги очекува двомечот со Грузија на 24-ти на гости, односно на 27 февруари во Скопје.