Loading Video...
Кошарка
22. November 2018 - 12:40

Четврти пораз во низа на шампионот Голден Стејт

Шампионот Голден Стејт го претрпе и седмиот пораз сезонава, а четврти во низа, откако синоќа загуби пред својата публика од Оклахома со 95-123. 
 
Отсуството на Кари, не можеа да го надополнат Дурант и Томсон со по 27 постигнати поени. Од друга страна, кај победникот Шредер беше најефикасен со 32, Пол Џорџ постигна 25 поени, додека Адамс и Грант имаа дабл дабл, а Расел Вестбрук оствари трипл дабл со по 11 поени и скокови и 13 асистенции. 
 
Неизвесен дуел одиграа и Хјустон и Детроит кој го добија „Ракетите“ со 126-124, благодарение на новата фантастична партија на Џејмс Харден кој покрај 43-те поени, имаше и 9 асистенции, 7 скокови, а поддршка доби од Крис Пол кој средбата ја заврши со 20 поени 
 
Во Кливленд, домаќините му приредија спектакуларен дочек на својот поранешен кошаркар, Леброн Џејмс кој пак со 32 поени, 14 скокови и 7 асистенции беше најзаслужен за победата на ЛА Лејкерс со 109-105 во која уште петмина кошаркари кај „Езерџиите“ имаа двоцифрен број на поени. 
 
На останатите средби беа постигнати овие резултати: 
Шарлот - Индијана 127-109
Филаделфија – Њу Орлеанс 121-120
Атланта – Торонто 108-124
Бостон – Њујорк 109-117
Чикаго – Феникс 124-116
Минесота – Денвер 101-104
Сан Антонио – Мемфис 103-104
Јута – Сакраменто 110-119