Македонија
21. September 2018 - 8:53

Четврти мобилен летен универзитет на Балканот

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на отворањето Четвртиот мобилен летен универзитет на Балканот што ќе се одржи на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Летниот универзитет го организираат Правниот факултет од Скопје, Универзитетот „Мунстер“ од Германија, Универзитот „Нантере“ од Франција, Франко-германскиот универзитет, Универзитетот „Унион“ од Србија и Приштинскиот универзитет од Косово.

Летниот универзитет ќе се фокусира на прашања од меѓународното приватно право и европските интеграции.