Четврти меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I”
Педесетина професори и научници од 15 земји ќе учествуваат на Четвртиот меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I” кој ќе се одржува денеска и утре во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Институтот за национална историја и со поддршка од Министерството за култура.
Научниот симпозиум денеска ќе биде отворен со обраќања на професорите Џузепе Маино, коорганизатор на Меѓународниот симпозиум од Универзитетот во Болоња, и Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, и со обраќање на Карло Ромео, амбасадор на Италија во Македонија. На првиот ден од симпозиумот ќе биде промовиран и Зборник на трудови од третиот симпозиум, приреден од проф. д-р Елизабета Димитрова.
-Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустиниан I” е годишен интердисциплинарен научен форум за презентација на најновите истражувања проследени со дискусија за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа.
- Симпозиумот е посветен на императорот Јустиниан Први и има цел да опфати широк спектар на прашања поврзани со Византија и европското средновековие, што го опфаќа истражувањето на културното и историското наследство како интегративна компонента на различноста и заедништвото на обединета Европа, соопштија организаторите.
Специјална тематска целина на годинашниот меѓународен симпозиум е „Византиското мисионерство и придобивките за Европа“, со што се одбележува 1100-годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација