Четврти ден четири пожари се уште горат на Шар Планина
Четврти ден по ред горат големи пожари на Шар Планина на четири места. Се уште не е изгаснат, најголемиот пожар кој е на потегот под Попова Шапка и над селото Лисец.
-Тука гасиме заедно со Дирекција за заштита и спасување од каде испратија два авиона канадари кои фрлаа вода од небо вчера. Сметам дека ние е потребно и денеска повторно да дејствуваат, бидејќи станува збор за пожар со огнена линија од три километри. Горат дрвја смрека од кои има многу чад. Сметаме дека причина за пожарите е човечкиот фактор. Вториот пожар над Попова Шапка денеска претпладне е локализиран и очекувам таму дека нема да има веќе проблеми, изјави Ука Алити од Тетовската против пожарна единица.
И понатаму има пожари на Шар Планина во шумите над Боговиње и Брезно кај месноста Вртиште.
-Се надевам дека и пониските температури кои се најауваат денови ќе бидат од помош, бидејќи се забележува дека огнот се намалува, изјави Алити.
Во гаснењето на пожарите учествуваат и вработените во шумско стопанство „Лешница“ од Тетово.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата