-->
-->
Четвртфинале на фјучрсот во Скопје без македонски тенисери
-->
Завршницата на вториот тениски фјучрс турнир што се игра на терените на ТК „Тенис парк“ во Скопје ќе мине без македонски тенисери. Последен во 2.коло беше елиминиран Димитар Грабул, кој по голема борба и три часа игра загуби од третиот носител и финалистот на првиот фјучрс во Скопје Нино Сердарушиќ од Хрватска. Грабул водеше со 1-0 во сетови, а потоа следните два ги доби противникот со 6:4 и 7:5 во гемови.
Четвртфиналните мечеви се играат денеска: Клаудија Фортуна (Италија, 5.носител) – Цунг-Хуа Јанг (Тајпех,4); Нино Сердарушиќ (Хрватска,3) – Дује Кекез (Хрватска), Виктор Филипенко (Унгарија,7) – Максимилијан Нојхрист (Австрија, 2) и Давид Пихлер (Австрија, 1) – Резарт Цунгу (Црна Гора,8). Почетокот на мечевите е во 10 часот.
Финалето во игра на двојки почнува во 17 часот, а ќе играат: Никола Хортон и Азиз Кијаметовиќ против Дејн Пропоџиа и Џунг Хуа Јанг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите