Македонија
13. јуни 2017 - 11:50

Четврта седница на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи четвртата седница.

Како што информира владината прес служба согласно предлогот на дневен ред на четвртата владина седница се итните реформски приоритети, состојби и напредок во процесот на европска интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и одредени кадровски прашања.