Четврта дебата на демократите кои се во трка за номинација за претседателската трка во САД
Синоќа, во Чарлстон, Јужна Каролина се одржа четвртата дебата меѓу демократите, кои учествуваат во натпреварот за номинација од нивната партија на претседателските избори во САД, кои ќе се одржат на 8 ноември, оваа година. Според аналитичарите, победник на дебатата на Берни Сандрес.
Фаворитот за номинацијата на демократите за претседателските избори во САД во ноември Хилари Клинтон тргна во напад против својот главен претендент, независниот сенатор Берни Сандерс уште од самиот почеток на телевизиските дебати меѓу кандидатите од партијата во Чарлстон, Јужна Каролина, пренесува БТА.
Тактиката на Клинтон е реакција на подемот на Сандерс во анкетите, кој се декларираше како социјалист, .
Сенаторот од Вермонт за возврат ја нападна поранешната прва дама и ја принуди да премине во повлекување. Како одговор на критиките на Клинтон за реформите на Волстрит кои тој ги предложи, Сандерс возврати дека таа добила стотици илјади долари хонорари за говори од свои приврзаници на берзата. Тој освен тоа истакна својот подем во трката и истакна дека Клинтон е започната кампањата со огромна предност од 50 проценти пред него.
Тоа беа четврти по ред дебати меѓу кандидатите за номинација на Демократската партија и последни пред почетокот на првичните избори.
Хилари Клинтон продолжува да води во битката на демократите на национално ниво. Анкетите сепак даваат практично еднакви резултати на двајцата во Ајова, каде на 1 февруари ќе биде означен почетокот на првичните избори на демократите, па и дури предност на сенаторот од Вермонт во соседната држава Њу Хемпшир, каде на 9 февруари ќе се одржи втората фаза од трката за номинација.
Сето тоа е опасност за Клинтон од повторување на сценариото од 2008 година, кога таа започна како фаворит, но беше истисната од Барак Обама во борбата за номинацијата на демократите.
Третиот, последен учесник во дебатата беше Мартин О'Мали. Поранешниот гувернер на Мериленд сепак заостанува далеку назад во истражувањата.
Во однос на надворешно-политички прашања и двајцата водечки кандидати за номинацијата на демократите се изјаснија против обновувањето на дипломатските односи со Иран.
- Нов рестарт на односите со Русија е можно во зависност од она што ќе донесе тој на САД, истакна Клинтон.
Таа беше американски државен секретар за време на т. н. Рестарт меѓу Вашингтон и Москва за време на првиот претседателски мандат на Обама.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација